КОЗАРСКА ФАРМА КОЖЛЕ
По 50 години стагнација,козарството повторно оживеа во Македонија. Со големи залагања се отвараат и репро-центри за одгледување на кози, како што е и нашата фарма.

Фармата располага со 15 хектари обработлива земја, за органско производство на козји млечни производи. Нашата фарма е регистрирана како репро центар за кози од расата - алпина.

Во моментов располагаме со 150 грла матично стадо од расата алпина и 50 млади јариња за расплод. Објектот се протега на 400 метри квадратни каде што се чуваат и одгледуваат козите. Фармата располага и со млекара која овозможува производство и преработка на млекото во млечни производи.

Нешто за козите
Козите во споредба со другите преживари во својата исхрана консумираат најмногу видови растенија. Благодарение на микрофлората на бурагот, козата има способност да ги синтезира сите неопходни аминокиселини. Просечна продукција на млеко е од 15 до 20 пати поголема од живата маса на козата, па дури и повеќе. Млекото е лесно сварливо,бидејќи содржи ситни капки од маст и се создава лесно сварлив груш, кој е богат со витамини и минерали(добар однос на калциум и фосфор). Во пресна состојба се препорачува за исхрана на деца на возрасни,на болни и на реконвалесцелентни лица.

Со преработка на млекото се добиваат квалитетни млечни производи: јогурт, кефир, кој се употрбува против слабокрвност,бледост и хронични болести на белите дробови. На нашата фарма се одгледуваат кози од расата алпина,која потекнува од алпинскиот масив и денес најраспространета е во Франција. Алпината припаѓа во обоени млечни раси кози,со кратко влакно,со жолто-кафена до црвеникава боја и со карактеристична црна линија по должината на 'рбетот. Нозете се црни ,а ушите имаат исправена положба. Се сретнува со и без рогови.

Просечното производство на млеко кај возрасни грла изнесува 750 кг. во лактацискиот период.Застапеноста на млечна маст во млекото изнесува 3,5- 3,6%,а на протеини 2,8-2,9%. Високото ниво на протеини е од исклучителна важност од аспект на производство на сирење, што ги прави нашите производи особено вкусни и многу здрави.

© 2010 К- ФАРМ - КОЖЛЕ | All Rights Reserved