Предности при исхрана со козји производи
Козјото млеко е многу добар извор на калциум и амино-киселински триптофан, како и на протенини, фосфор, витамин Б2 и потасиум. Присатноста на олигосахаридите во козјото млеко овозможува полесно варење на истото во организмот на човекот. Истотака, докажано е дека козјото млеко значително го подобрува метаболизмот кај луѓето, особено при случаеви на јавување на проблеми со абсорбирање на минерали во дигестивниот тракт. Споредено со кравјото млеко, од кое неретко кај луѓето се појавуваат алергиски реакции, при конзумирање на козјото млеко, можноста за ваквите реакции е значително намалена. Калциум – минерал за исклучително цврсти коски Козјото млеко е одличен извор на калциум. Калциумот е особено познат за својата улога при зачувување на квалитетот на коските во човечкото тело и нивната цврстина и густина. При процесот познат како минерализација, калциумот и фосфорот се соединуваат во калциум фосфат, кој пак е главна компонента на минералот хидроксиапатит кој е одговорен за структурата и цврстината на коските. Покрај позитивниот ефект кој калциумот го има врз коските, потребно е да се напоменат и следниве негови предности при следниве состојби:

  • Особено помага при заштита на дебелото црево од хемиски супстанци кои можат да предизвикуваат канцер
  • го намалува заслабнувањето на коските кое може да се манифестира како резултат на менопауза или одредени состојби како на пр. реуматоиден артритис
  • ги намалува мигренозните болки кај луѓе кои патат од мигрена
  • значително ги намалува ПМС симптомите за време на лутеалната фаза – втората половина од менструалниот циклус

Калциумот истотата има важна улога во голем број физиолошки активности, вклучувајќи ја коагулацијата на крвта, нервна спроводливост, мускулни контраакции, регулирање на ензимите, функицијата на клеточната мембрана, како и регулирање на крвниот притисок.

Козји млечни производи особено добри за раст на коските кај девојчиња во годините на пубертетот
Кај девојчиња во годините на пубертетот, особено се препорачува задоволувањето на дневните потреби на калциум кои се од огромно значење за растот на коските, да биде сторено преку квалитетната исхрана, особено преку конзумирање на козји млечни производи.
Козјите млечни производи богати со калциум помагаат при поефикасно согорување на маснотии после секој оброк.

Козјите млечни производи ефикасни против Метаболичниот синдром
Со вклучено козјо млеко во вашата исхрана го намалувате ризикот од метаболичниот синдром до 62% и го подобрувате регулирањето на инсулинот во Вашето тело, како и нивото на гликоза во крвта.

Со козјите млечни производи во борба против рак на дојка
За секоја жена препорачливо е комзумирање на козјо млеко и козји млечни производи, меѓу другото како превентивна мерка против рак на дојката. Постојаните испитувања потврдуваат дека зголеменото внесување на калциумот во организмот кај жените го намалува ризикот за ова заболување до 50%, а дури до 74% кај жените кои се приближуваат до менопаузата.

Рибофлавин – создавач на енергија во организмот
Козјото млеко е извонреден извор на рибофлавин, односно витамин Б кој е важен за создавање на енергија. Рибофлавинот 9витаминот Б2), игра најмалку 2 важни улоги при создавањето на енергија во човечкиот организам – особено кај органите на кои постојано им е потребна енергија базирана на кислород, како на пример срцето и останатите мускули.

Одличен извор на протеин
Козјото млеко е одличен извор на висококвалитетен протеин, кој му е потребен на нашето тело за создавање аминокиселините.

Кардиоваскуларна заштита со Потасиум
Потасиумот е основен минерал кој помага при одржување на нормален крвен притисок и на срцевата функција. Козјото млеко, како извор на Потасиум, содржи 498,7 мг потасиум и само 121,5мг содиум, кој допринесува до нормализирање на високиот крвен притисок и заштита од артеросклероза.

© 2010 К- ФАРМ - КОЖЛЕ | All Rights Reserved